Tехнологија

Преглед

Огласувачката платформа на Httpool овозможува пристап преку повеќе канали и пристап преку повеќе уреди.

Огласувачката платформа ја овозможува Httpool секундарната премиум рекламна мрежа. На огласувачите им се нуди слободен пристап преку повеќе канали како и менаџирање на пристапот преку повеќе уреди, оптимизација и размена, додека огласувачите го користат за извршување на кампањата, пристапот преку повеќе канали и уреди.

Огласувачка платформа за пристап преку повеќе канали и уреди

Огласувачката платформа овозможува огласување низ различни канали, од Display, Video, до високо влијателниот Engagement канал и Social.

Дополнително, Огласувачката платформа овозможува достава до локалните и глобалните огласувачи со помош на десктоп и мобилни уреди.

Cross channel, cross device platform

Огласувачката платформа како Social алатка

Огласувачката платформа вклучува и алатка за социјални медиуми која овозможува рекламно огласување на Facebook социјалната мрежа. Напредните функции обезбедуваат ефикасност и практичност во менаџирање на кампањата и обезбедуваат повисок ROI (стапка на враќање на инвестициите) за огласувачите.

Главни карактеристики на алатката за Social огласување:

  • создавање на рекламни пермутации
  • сегментација на корисници по пол, возраст, категории на интерес, итн
  • автоматизирано управување на кампањи
  • оптимизација низ рекламните групи
  • напредни анализи на корисничките сегменти
AdPlatform's Social Tool

Видливи импресии

Во пресрет на иницијативата на онлајн маркетинг индустријата, Огласувачката платформа, уште од 2008 ги наплатува само видливите импресии, наместо закупените импресии. Ова Ви гарантира просечна заштеда од 35%.

Видливите импресии стануваат индустриски стандард и дел од иницијативата “Making Measurement Make Sense” (3MS). Станува збор за индустриска иницијатива започната од IAB, ANA и 4A’s, чија главна цел е дефинирање на параметрите кај дигиталните медиуми за сите уреди.

Viewable impressions

Интеракции

Огласувачката платформа ги мери интеракциите од секој тип во рамките на платформата, како што се „пушти го видеото“, „лоцирај ја најблиската продавница“, „погледни ја галеријата“, „нарачај каталог“, итн. Типот на интеракција зависи од целта на рекламирањето и е применлив за напредни медиумски формати на реклами.
Интеракциите се многу важни за:
  • брендирање, за да се овозможи подолго изложување на брендот пред корисниците
  • скратување на патот на конверзија и купување во рамките на платформата
  • и анализа на преференците на клиентите.
Interactions

Интегрирани и лиценцирани технологии и извори на инвентар