Data Protection Policy

1. ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОЛИТИКАТА

1.1. Организација

1.1.1. „ХТТПООЛ“, Друштво за интернет маркетинг ДООЕЛ Скопје (HTTPOOL Македонија), друштво со ограничена одговорност основано согласно со законите на Република Македонија, со седиште на Булевар Партизански одреди 62, 1000 Скопје, Македонија, ЕМБС 6028268 и ЕДБ МК4030005562270, е одговорен како контролор на вашите лични податоци.

1.1.2. Дополнително, оваа Политика за заштита на податоци („политика“) се однесува на „ХТТПООЛ“, поточно групата на друштва здружени од страна на ХТТПООЛ Словенија како контролирачко друштво и контролираните друштва составени од подружници и сродни субјекти и сите други субјекти кои ќе станат контролирано друштво или кои ќе се приклучат кон оваа политика. Кога се споменува ХТТПООЛ, како и заменските форми „ние“ или „нас“, тоа може да се однесува на групата на друштва или поединечен субјект во рамки на оваа група кое ја носи одговорноста на контролор на податоци за вашите лични податоци, соодветно на дадената ситуација.

1.1.3. ХТТПООЛ соработува со даватели на услуги, како на пример огласувачи, издавачи и други партнери, даватели на сметководствени и ИТ услуги, а во рамките на таа соработка може да се соберат, пренесат и обработат лични податоци од страна на давателите на услуги. ХТТПООЛ соработува само со даватели на услуги кои работат во согласност со Општата регулатива за заштита на податоци.

1.1.4. Оваа политика се однесува на информации што ги собираме кога вие пристапувате или ја/ги користите веб-страницата/ите на ХТТПООЛ, огласувачката платформа AdPlatform, вклучувајќи ја и огласувачката мрежа Ad Network, или ако соработувате со нас на друг начин опишан подолу. Ние работиме согласно со важечките законски прописи во земјите во кои вршиме дејност. Вие потврдувате дека сте запознаени со оваа политика со користење на нашите услуги или со стапување во интеракција со нас на начин опишан подолу.

1.1.5. Оваа политика може да претрпи повремени измени поради измени на законските прописи или ажурирање на нашите внатрешни политики и практики. Доколку направиме измени, ќе ве известиме со тоа што ќе го ревидираме датумот на оваа политика, а во некои ситуации може да ви испратиме дополнително известување, на пример ќе ставиме известување на веб-страницата/ите на ХТТПООЛ или ќе ве известиме по електронска пошта. Нагласено препорачуваме да ја прегледате оваа политка секогаш кога ќе пристапите или ќе ги користите нашите податоци за да бидете информирани за нашите практики поврзани со информации и вашите права и опции за приватност.

1.1.6. Оваа политика е подготвена со заедничка соработка од субјектите кои го сочинуваат ХТТПООЛ и е одобрена на 25 мај 2018 година од Јане Бајалџиев, Управител на HTTPOOLМакедонија.

2. ВОВЕД

2.1. Дефиниции

2.1.1. „личен податок“е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува („субјект на податоци“); лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно со помош на идентификатор како име, матичен број, локациски податоци, онлајн идентификатор или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет;

2.1.2. „обработка“ е секоја операција или збир на операции што се изведуваат врз лични податоци на автоматски или друг начин, како што е собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување или комбинирање, блокирање, бришење или уништување;

2.1.3. „контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други лица ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци. Кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон на Унијата или на Земја-членка, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негова номинација;

2.1.4. „обработувач“ е физичко или правно лице или законски овластен орган на државната власт, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци за сметка на контролорот;

2.1.5. „трето лице“е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, агенција или тело, кое не е субјект на лични податоци, контролор, обработувач или лице кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да обработува лични податоци

2.1.6. „согласност“ на субјектот на податоци е слободна, изречна и недвосмислена индикација на волја на субјектот на лични податоци со која се согласува, со изјава или со јасна постапка, со обработката на лични податоци кои се однесуваат на него или неа;

2.1.7. „податоци поврзани со здравје“ се однесува на личните податоци поврзани со физичкото или менталното здравје на едно физичко лице, вклучувајќи и обезбедување на здравствени услуги, со кои се откриваат информации за неговата или нејзината здравствена состојба;

2.1.8. „субјект“ означува физичко или правно лице што врши економска дејност, без оглед на правната форма, вклучувајќи и партнерства или здруженија што редовно вршат економска дејност;

2.1.9. „група на друштва“ значи контролирачко друштво и друштвата што се под негова контрола;

2.1.10. „Општа регулатива за заштита на податоци“ се однесува на Регулативата (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за заштита на физички лица во контекст на обработка на лични податоци и на слободното движење на тие податоци, која е замена за Директивата 95/46/EC;

2.2. Цел на политиката

2.2.1. Целта на оваа политика е да обезбеди информации за видот на лични податоци што ги собираме и зошто го правиме тоа, како ги собираме, користиме и споделуваме тие лични податоци, законските основи за обработка и вашите права кои се однесуваат на вашите лични информации.

2.2.2. ХТТПООЛ ја приспособи оваа политика за да се осигури дека вашите права во врска со обработката на вашите лични податоци се заштитени, како ваше основно право; за да го унапреди дизајнот на обработка на лични податоци за поголеми придобивки за вас, за клиентите на ХТТПООЛ, за работниците и вработените како и други поединци и за да го заштити ХТТПООЛ.

2.2.3. ХТТПООЛ јасно се стреми кон подобрување на оваа политика за истата да биде одобрена како обврзувачки деловни правила во согласност со член 47 од Општата регулатива за заштита на податоци.

2.3. Деловни активности

2.3.1. ХТТПООЛ обезбедува огласувачки технолошки услуги за своите клиенти. По отворање на профил на AdPlatform што е огласувачка платформа на која се поврзуваат огласувачи, издавачи и други партнери, преку огласувачката мрежа Ad Network, вие ни доставувате податоци за контакт и за управување со бизнисот. Со помош на AdPlatform клиентите успеваат своите огласи да ги презентираат пред крајните корисници, а за возврат ние ги обезбедуваме услугите во рамките на нашата AdPlatform за да им помогнеме на клиентите да ги презентираат огласите пред крајните корисници. Оттаму, во рамките на своите деловни активности ХТТПООЛ обработува само мал опсег на лични податоци, најчесто Податоци за крајни корисници, додека поголемиот дел од информациите што ги добиваме кога даваме услуги на нашите клиенти се сметаат за податоци за претпријатија, поточно Податоци за деловно управување.

2.4. Видови на податоци

2.4.1. ХТТПОООЛ ги обработува следниве категории на лични податоци:

2.4.1.1. Податоци за контакт: лично име, име на компанијата, број на телефон и адреса за е-пошта, за да ви одговориме кога ќе стапите во контакт со нас;

2.4.1.2. Податоци за краен корисник: податоци собрани преку интеракции со крајни корисници со огласи генерирани со помош на услугите на ХТТПООЛ во име на нашите клиенти, кои може да се огласувачи или издавачи, вклучувајќи интернет протокол броеви што автоматски ги добиваме кога крајниот корисник објавува информации преку страници на социјални медиуми, приклучоци (plug-ins) или други апликации, зависно од вашите поставки за приватност, геолокациски информации (најчесто тоа се податоци за географска ширина и должина) за утврдување на гео-таргетирање и број на прикажувања во даден временски период (фреквентност), сè со цел да ги извршуваме нашите деловни обврски;

2.4.1.3. Податоци за деловни управувачки структури: лично име на вработен или работник на клиентот (субјектот), назив на компанија, адреса, адреса за е-пошта, број на телефон и факс, детали за плаќање на клиентот како што се број на банкарска сметка и вид на банкарска сметка, ЕМБС и ЕДБ, информации за профит доставени со помош на посебна апликација за плаќање пополнета од клиентот, сè со цел да се обезбедат услуги и да се подобрат нашите деловни интереси. ХТТПООЛ ги користи овие информации за обработка на уплати. Онаму каде ХТТПООЛ користи даватели на услуги трети-лица за обработка на кредитни картички, таквите лични податоци се добиваат преку давателите на услуги за плаќање.

2.4.1.4. Податоци за човечки ресурси: личните податоци на нашите вработени и работници вклучувајќи ги и информациите за работни дозволи на вработените, договорите за вработување и нивниот престанок на важност, трошоците за работна сила, податоците за плати и давачки што ги плаќа работодавачот и податоци за други трошоци за работна сила како и информации за законските придонеси за социјално осигурување за секој поединечен работник, информациите за начинот на користење на работното време, медицински прегледи, здравствени проверки на поединечни групи на работници, завршени обуки за безбедно работење и тестови од квалификациите на вработените, незгоди на работно место, колективни жртви, опасни настани, утврдени професионални заболувања или болести поврзани со работата и нивните причинители, сè со цел на усогласување со законските одредби и до степен кој е дозволен со закон;

2.4.1.5. Податоци за управување со кандидати: лични податоци на кандидатите за вработување, поточно лично име, датум на раѓање, место и земја на раѓање, адреса на постојано или привремено живеење, завршено образование и образование кое се бара, работно искуство, уверение за диплома и разни други уверенија кои се приложени кон апликацијата (уверение за познавање странски јазик, изјава за неосудуваност, препораки) или други детали што вие ќе ни ги доставите, содржани во писма за аплицирање и кратки биографии, сè со цел обработување на вашата апликација за вработување во нашата компанија и усогласено со законските одредби;

2.4.1.6. Информации за управуање со просториите: личните податоци на поединци кои се заведуваат за потврда на влез и излез од просториите, имено личното име, број и вид на лична исправа, адреса на живеење, вработување, вид на регистарски број на возилото и датум, време и причина за влез или излез од просториите, сè со цел да се осигури безбедноста на луѓето и имотот во нашиот деловен простор;

2.4.1.7. Чувствителни информации: информации за вработени и работници кои се однесуваат на медицински испитувања поради проценка дали работникот ги исполнува посебните здравствени барања за конкретна работа на работното место, здравствени проверки на поединечни групи на работници со листа на прегледани работници и проценка за исполнувањето на посебните здравствени барања за конкретна работа на работното место, здравствена состојба на група на прегледани работници, утврдени професионални заболувања, болести поврзани со работата или сомневање за професионално заболување, информации за утврдување на интоксикација и ниво на утврдена интоксикација, информации за тоа дали работник бил под дејство на незаконски дроги или други психоактивни супстанции или не, во случај на тестирање за незаконски дроги и други психоактивни супстанции, незгоди на работното место, колективни жртви, опасни настани, утврдени професионални заболувања и болести поврзани со работата и нивни причинители; сè само со цел да бидеме усогласени со регулаторните законски прописи, до степен дозволен со закон;

2.4.1.8. Од вас бараме да избегнувате да ни испраќате посебни категории на лични податоци, вклучувајќи чувствителни информации и податоци поврзани со здравје, освен ако тие информации се законски обврзни и/или ХТТПООЛ побара од вас да доставите такви информации.

2.4.1.9. ХТТПООЛ ги презема сите разумни чекори за да се осигури дека личните податоци се точни и ажурни, како и дека неточните лични податоци ќе бидат неодложно избришани или коригирани, но не може да преземе одговорност доколку вашите информации кои се доставени до нас се неточни, нецелосни и/или ако наведуваат на погрешен заклучок.

2.5. Законски основ за обработка

2.5.1. ХТТПООЛ обработува лични податоци само доколку тоа е дозволено со Општата регулатива за заштита на податоци.

2.5.2. Најчесто, ХТТПООЛ обработува ваши лични податоци затоа што таквата обработка е потребна за исполнување на законска обврска на која е обврзан ХТТПООЛ. Посебните категории на лични податоци се обработуваат само на ваква законска основа и ХТТПООЛ не обработува такви податоци на друга законска основа. Обработката на Податоците за човечки ресурси, вклучувајќи Чувствителни информации скоро во целост се заснова на овој законски основ.

2.5.3. Понатаму, ХТТПООЛ обработува некои лични податоци кога таквата обработка е потребна за извршување на обврски од договор во кој вие сте договорна страна или со цел преземање чекори по ваше барање пред склучување на договор. Поголемиот дел од обработката на договори за вработување и работа (Податоци за човечки ресурси), како и Податоците од управувањето со кандидати се врши на оваа законска основа.

2.5.4. Дополнително, дел од обработката на лични податоци се должи на потребите од легитимните интереси на ХТТПООЛ (или на трето лице) и вашите интереси и основни права немаат повисока важност од овие интереси. На пример, ХТТПООЛ има легитимен интерес за обработка и пренос на лични податоци во рамките на својата група на друштва за внатрешни деловни цели, меѓу кои е централизација на активностите за обработка на податоци, дизајнирање законски ефикасни и функционални бизнис процеси, овозможување заедничка работа на прекугранични тимови како и подобрување на ефикасноста и економичноста на деловните процеси. Дополнително, кога ХТТПООЛ автоматски ќе го добие вашиот интернет протокол број ние се потпираме на нашите легитимни интереси со гео-таргетирање на огласите до крајните корисници, што е корисно за корисникот како составен дел од страницата на социјалниот медиум, приклучок (plug-in) или друга апликација која корисникот се согласил да ја користи.

2.5.5. ХТТПООЛ исто така може да врши обработка на ваши лични податоци кога вие сте дале согласност за таквата обработка за една или повеќе специфични цели. ХТТПООЛ се стреми, а и натаму ќе продолжи со настојувања да добие согласности, кои се даваат слободно, се изречни и засновани на информирани одлуки и претставуваат недвосмислена индикација за вашите желби во форма на изјава или преку јасно потврдно дејство, што претставува одобрение за обработка на вашите лични податоци.

2.5.6. Во случаи кога ХТТПООЛ се потпира на ваша согласност за обработка на лични податоци, вие имате право да ја повлечете или одречете вашата согласност во секое време, а во ситуации кога се потпираме на легитимни интереси, вие имате право на приговор. Повлекувањето на согласност нема да има последици за законитоста на обработувањето засновано на согласност, пред истата да биде повлечена.

2.6. Користење на податоци

2.6.1. Вашите податоци ги обработуваме за следниве намени:

2.6.1.1. Управување со работна сила, јасно поврзано со Податоците за човечки ресурси, Податоците за управување со кандидати и Чувствителните информации;

2.6.1.2. Комуникација: овозможување на одговор и олеснување на комуникација со вас во врска со Податоците за контакт;

2.6.1.3. Усогласеност со законските барања, како што се водењето евиденција и обврските за известување, спроведување ревизии, усогласеност со упатствата од владини инспекции и други барања од владини или други јавни надлежни органи, одговарање на законски постапки како што се судски покани, остварување законски права и правни лекови, бранење во парнична постапка и управување на секаков вид на интерни жалби или барања, спроведување истраги и усогласување со внатрешните правила, политики и процедури.

2.6.1.4. Услуги: ХТТПООЛ обработува Податоци за деловно управување и Податоци за краен корисник за да може да ги обезбеди своите услуги за клиентите.

2.6.2. Може да постои повеќе од една намена која го оправдува нашето користење ваши лични податоци во некоја дадена ситуација.

2.6.3. Вашите лични податоци ќе ги користиме само за оние намени за кои сме ги собрале. Доколку од разумни причини побараме користење на вашите лични податоци за други намени, ние ќе ве известиме за таквото користење и ќе ја објасниме законската обврска или ќе покажеме дека таквата обработка е компатибилна со првичната намена, што ни дозволува да ги користиме за други цели. Ако вашата согласност е дадена за специфична намена, која може да содржи една или повеќе активности на обработка, ние нема да ги обработуваме вашите лични податоци за друга цел освен за причината поради која тие биле првично собрани. Во ситуации кога сакаме да извршиме обработка за други намени врз основа на вашата првична согласносст, вашите лични податоци ќе ги обработуваме исклучиво на основа на нова согласност.

2.6.4. Управување со работната сила и усогласеност

2.6.4.1. ХТТПООЛ раководи со вашите Податоци за деловно управување, човечки ресурси, управување со кандидати и Чувствителни информации во рамките на софтверот за раководење со односи со клиенти. Софтверот е дизајниран да овозможи пристап до податоци кога за тоа постои потреба. Понатаму, нашите внатрешни правила за приватност и безбедност се познати за сите наши вработени и работници, а преку нив тие добиваат упатства да ги обработуваат личните податоци во согласност со соодветните законски прописи, внатрешни правила и по највисоките стандарди за безбедност при обработка, кога управуваат со работната сила или постапуваат согласно со законски одредби.

2.6.5. Услуги:

2.6.5.1. ХТТПООЛ ги користи вашите податоци за да функционира законски, ефективно и да обезбеди најдобро искуство преку нашите услуги.

2.6.5.2. Вашите податоци ги користиме за да овозможиме пристап до AdPlatform, да им овозможиме на клиентите техничка и оперативна поддршка, да управуваме со вашата/ите сметка/и (профили), да ви испраќаме технички известувања, известувања за новости, безбедносни предупредувања и поддршка како и административни пораки и за решавање спорови и остварување на нашите права, за идентификување и заштита од грешки, измама или други кривични или незаконски активности и за извршување на обврските од договорите со нашите клиенти. Тука може да биде вклучено и анализирање, индивидуално приспособување и подобрување на AdPlatform, за обезбедување информации и аналитички податоци за клиентите за користењето на AdPlatform, за да им помогнеме на клиентите да создадат нови или да ги подобрат постоечките услуги кои се однесуваат на маркетинг или аналитика.

2.6.5.3. На AdPlatform може да пристапите со поднесување на формулар за идеnтификација (формуларот под наслов Придружете ни се), каде за дадени услуги е потребно да се создаде кориснички профил, со што корисникот ќе може да користи конкретни апликации. Во вакви слуачи, вие треба да поднесете податоци, вклучително и Податоци за деловно управување. Овие информации се потребни за обезбедување услуги за клиентите, вклучувајќи и пристап до апликацијата, прикажување на индивидуално скроената содржина и огласи, комуникации, пренос на профитот добиен од дигитално огласување, осигурување на техничкото функционирање на мрежата, истражување и анализа со цел одржување и заштитување на нашите услуги.

2.6.5.4. Исто така, ги користиме вашите податоци за изведување заклучоци за крајните корисници кои се географски категоризирани за да им се овозможи на субјектите во рамките на ХТТПООЛ да им помогнат на нивните клиенти да ги пласираат огласите во соодветни географски региони. На пример, ако Податоците за крајниот корисник укажуваат на тоа дека крајниот корисник се наоѓа во даден географски регион или земја, AdPlatform му овозможува на клиентот да пласира огласи во тој регион или земја. Откако ќе заврши овој процес, интернет протокол бројот на крајниот корисник станува анонимен за да не се дозволи субјектите во рамките на ХТТПООЛ од други региони или земји или клиентите и третите лица да можат да пристапат до бројот на интернет протокол на крајниот корисник или да го пребараат. Во овој процес вклучена е и анонимизација на интернет протокол броевите за статистички цели.

2.6.5.5. Вашите податоци може да ги користиме и кога AdPlatform изведува податоци поврзани со страници на социјални медиуми, приклучоци (plug-ins) или други апликации обезбедени од огласувачи, издавачи или други партнери. На пример, ако работник или вработен на некој клиент има намера да огласува на Фејсбук преку AdPlatform, тој мора да го поврзе личниот профил на Фејсбук со платформата AdPlatform, земајќи предвид дека Фејсбук не дозволува креирање на деловни Фејсбук профили. Откако ќе се направи врска, ние го зачувувааме неговото лично име, идентификациски број на Фејсбук и листа на сите огласувачки профили на Фејсбук до кои поединецот има пристап, што ги сметаме за Податоци за деловно управување бидејќи поединецот создал профил на AdPlatform за клиентот (субјектот), за да можеме да ги фактурираме услугите обезбедени со помош на AdPlatform. Ако потоа поединецот ја повлече неговата AdPlatform преку профилот на Фејсбук, ние сè уште ги чуваме неговите податоци што се потребни до исполнување на договорот со нашиот клиент.

2.6.6. Колачиња (cookies)

2.6.6.1. Кога краен корисник посетува веб-страница или гледа оглас поврзан со AdPlatform ние може да искористиме онлајн колачиња за крајни корисници за подобро или попрецизно да ја контролираме зачестеноста на огласувањата. Колачињата се мали текстуални датотеки кои се пренесуваат на вашиот компјутер од веб-страниците кои ги посетувате. Тие имаат широка примена и се со цел веб-страниците да функционираат, односно поефикасно да функционираат, и да обезбедат информации за сопствениците на страницата. Најчесто тие се зачувуваат на хард дискот на вашиот компјутер.

2.6.6.2. Некои колачиња се строго потребни за нормално функционирање на веб страницата и тие не може да се исклучат затоа што без нив веб-страницата не би функционирала соодветно, а со нив не се зачувуваат лични податоци.

2.6.6.3. Колачињата служат да им помогнат на огласувачите и издавачите подобро да управуваат со огласите на интернет. Ние користиме колачиња на Google Analytics со кои можеме да понудиме подобро искуство за корисниците на нашите веб-страници. Тие ни помагаат да разбереме како нашите корисници ја користат веб-страницата и да одлучиме какви функционални и материјални измени да направиме за да покажеме што е можно повеќе корисна содржина.

2.6.6.4. Вие можете слободно да не ги прифатите повеќето колачиња доколку вашиот прелистувач или екстензијата на прелистувачот го дозволува тоа, но ако ги отстраните или оневозможите нашите колачиња, тоа може да претставува пречка во користењето и во функционалноста на услугите на ХТТПООЛ. Поставките за колачиња може да ги измените со кликнување на следниов линк: [cookie settings].

2.6.6.5. Другите колачиња може да ги избришете на следниов начин:

2.6.6.5.1. Google Chrome – Откако ќе кликнете на менито, изберете “Settings (Поставки)”. На долниот дел од страницата проширете ги поставките со тоа што ќе кликнете на “Advanced (Напредно)”. Во прозорецот “Privacy and Security” (Приватност и безбедност) кликнете на “Content settings” (Поставки за содржина), а потоа на “Cookies (Колачиња)”. Исто така можете да ја внесете следнава адреса chrome://settings/content/cookies во полето за адреси на прелистувачот;

2.6.6.5.2. Mozila Firefox– кликнете на иконата “Menu (Мени)”, прикажана со три хоризонтални линии и одберете “Preferences (Претпочитани поставки)”. Во јазичето “Privacy & Security (Приватност и безбедност)” упатете се кон делот “History (Историја)” и кликенте на линкот “Remove individual cookies (Отстранување поединечни колачиња)”;

2.6.6.5.3. Safari – во менито за “Privacy (Приватност)”, има опција “Block all cookies (Блокирај ги сите колачиња)” и опција сите да се отстранат. Исто така можете да кликнете на “Details (Детали)” за отстранување поединечни колачиња;

2.6.6.5.4. Edge– Кликнете на иконата со три точки и одберете “Settings (Поставки)”. Одберете ги стрелките веднаш до “Advanced settings (Напредни поставки)” горе. Ќе видите опција “clear browsing data (Избриши ги податоците од прелистување)” со која може да ги избришете колачињата.

2.6.7. Комуникации:

2.6.7.1. Вашите Податоци за контакт ги користиме главно за да ви одговориме откако вие ќе ни се обратите.

2.6.7.2. Дополнително на тоа, вашите Податоци за контакт и/или Податоци за деловно управување може да ги користиме за да ви испратиме промотивни соопштенија или билтени преку е-пошта, во ситуации кога за тоа сте ни дале согласност. Можете да изберете да бидете вклучени во маркетиншки или друг вид на комуникации од ХТТПООЛ на нашата веб страница.

2.6.7.3. Можете и да изберете да не добивате промотивни соопштенија и/или билтени од нас, со следење на упатствата дадени во тие пораки (копче за откажување од натамошна комуникација на крајот од секоја електронска порака). Ако изберете да не добивате промотивни соопштенија и/или билтени, ние и натаму може да ви испраќаме трансакциски пораки или пораки кои се однесуваат конкретно на односот со вас, како на пример пораки за вашиот профил или за наши тековни деловни односи, сè додека постои деловен однос.

2.6.7.4. Во случај на вршење директен маркетинг, најдоцна по остварување на првата комуникација, ние ќе ве известиме за нашиот идентитет и информации за контакт како и податоци за нашиот офицер за заштита на податоци, целите на обработката за која се наменети вашите лични податоци како и законската основа за обработката, категориите на лични податоци, примателите или категориите на приматели на лични податоци и други информации утврдени со член 14 од Општата регулатива за заштита на податоци. Доколку ги обработуваме вашите лични податоци за цели на директен маркетинг, тоа ќе го правиме во согласност со член 21 од Општата регулатива за заштита на податоци, според која вие можете да ги остварите вашите права на исправки, да дадете приговор и да побарате од нас трајно или привремено да престанеме да ги користиме или на друг начин да ги обработуваме вашите лични податоци за цели на директен маркетинг. Вашите лични податоци нема да ги откриваме на други корисници.

2.7. Откривање на податоци

2.7.1. За цели на обезбедување на нашите услуги, личните податоци ги споделуваме со следниве неповрзани трети лица:

2.7.1.1. Програмски интеграции со AppNexus, Viber, Bidswitch и LG smart TVs за поставување кампањи, утврдување целни групи за огласување достапни на соодветната програмска интеграција и за огласувања;

2.7.1.2. Социјални интеграции со Facebook, Twitter, Snapchat и LinkedIn за поставување кампањи, утврдување целни групи за огласување при објавување на огласи;

2.7.1.3. Други даватели на услуги, како на пример огласувачи, издавачи и други партнери, даватели на сметководствени и ИТ услуги;

2.7.1.4. Јавни и владини надлежни органи: субјектите кои го уредуваат или имаат надлежност над ХТТПООЛ, како што се регулаторни тела, јавни тела и судски тела, вклучувајќи и исполнување на национални барања за безбедност и спроведување на законите.

2.8. Пренос на лични податоци

2.8.1. За целите објаснети во оваа политика, ХТТПООЛ може да пренесе лични податоци во трета земја или на меѓународна организација во случај на донесување соодветна одлука согласно со член 45(1) од Општата регулатива за заштита на податоци, без посебна дозвола. Во ситуација кога не е донесена соодветна одлука, Компанијата ќе обезбеди заштитни механизми, во согласност со член 46 од Општата регулатива за заштита на податоци. Доколку не е донесена одлука за соодветност, согласно член 45(3) од Општата регулатива за заштита на податоци, вклучувајќи ги и обврзувачките деловни правила, преносот или договорениот пренос на лични податоци во трета земја или на меѓународна организација ќе се случи само под еден од условите наведени во член 49(1) на Општата одредба за заштита на податоци.

2.9. Задржување податоци

2.9.1. Генерално, ние ги задржуваме личните податоци онолку колку што е потребно за да ги исполниме целите опишани во оваа политика кои се предмет на нашите правни и законски обврски.

2.9.2. Нашите вработени и работниците кои обработуваат лични податоци имаат упатства да ги проверат соодветните државни законски одредби во врска со задржување на податоци при обработка на податоците.

2.9.3. Кога вашите лични податоци веќе не се потребни, ние или неповратно ќе ги направиме податоците анонимни (и може и натаму да ги задржиме и да ги користиме таквите анонимни информации) или безбедно ќе ги уништиме податоците.

2.10. Вашите права

2.10.1. ХТТПООЛ ви овозможува да ги остварите следниве права, согласно утврденото во Општата регулатива за заштита на податоци и соодветните национални законски прописи:

2.10.1.1. Право на пристап: може да добиете потврда од ХТТПООЛ за тоа дали вашите податоци се обработуваат или не, и доколку се обработуваат може да добиете пристап до личните податоци и информации;

2.10.1.2. Право на корекции: може да побарате од ХТТПООЛ да се коригираат неточни лични податоци и да се дополнат нецелосни лични податоци;

2.10.1.3. Право на бришење: вашите податоци кои ние ги имаме како контролор на податоци може да бидат избришани по ваше барање;

2.10.1.4. Право на ограничување на обработка: можете од ХТТПООЛ да добиете ограничување на обработка;

2.10.1.5. Право на информираност: ќе ве известиме за секакво коригирање или бришење на лични податоци или ограничување за обработка за секој примател со кој се споделени личните податоци, освен ако тоа е невозможно или ако напорот за истото е несразмерно голем. На ваше барање ќе ве известиме за таквите приматели.

2.10.1.6. Право на преносливост на податоци: можете да побарате од ХТТПООЛ да ги добиете личните податоци кои се однесуваат на вас, кои вие сте ни ги доставиле, во структуриран, општо прифатен и машински читлив формат и може да побарате ние да ги пренесеме тие податоци до друг контролор без пречки од наша страна;

2.10.1.7. Право на приговор: во секое време можете да дадете приговор, на основа која се однесува на вашата конкретна ситуација, за обработка на лични податоци заснована на наши легитимни интереси. Во ваков случај, веќе нема да ги обработуваме личните податоци освен ако покажеме обврзувачки легитимни основи за обработка кои се со повисока важност од вашите интереси, права и слободи, или за воспоставување, извршување или одбрана на нашите законски барања;

2.10.1.8. Право на приговарање против директен маркетинг: во секое време може да не се сложите вашите личните податоци да се обработуваат за маркетиншки цели. Доколку не се сложите на обработка за цели на директен маркетинг, ние ќе престанеме да ги обработуваме вашите податоци за такви намени;

2.10.1.9. Го гарантираме вашето право да не бидете подложени на одлука заснована исклучиво на автоматизирана обработка;

2.10.1.10. Право да бидете известени за нарушување: ќе ве известиме доколку настанало нарушување на заштитата на вашите лични податоци во ситуации кога поради нарушувањето на заштитата на личните податоци веројатно постои висок ризик за вашите права и слободи;

2.10.1.11. Право за доставување поплака: Имате право да доставите поплака до надзорна институција. Сепак, се надеваме дека прво ќе стапите во контакт со нас, за да можеме заеднички да најдеме решение за секоја поплака или причина за загриженост која би можеле да ја имате.

2.10.2. Горенаведените права може да ги остварите преку: gdpr@httpool.com. Исто така, можете да се обратите на оваа електронска адреса за да добиете детали за надзорните институции за соодветниот субјект во рамките на ХТТПООЛ или да бидете упатени до надлежниот офицер за приватност на групата ХТТПООЛ.

2.11. Безбедност

2.11.1. Имплементиравме разумни и ефективни технички и организациски мерки и процедури дизајнирани за спроведување на начела за заштита на податоци, како што се минимизација на податоци, и ги интегриравме потребните заштитни механизми во процесот на обработка за да ги исполниме барањата на Општите регулативи за заштита на податоци.

2.11.2. Ние ги штитиме вашите информации со помош на разумни физички, технички и административни безбедносни мерки, вклучувајќи и ограничување на пристапот до вашите информации за вработени и работници кој е овозможен само во случај кога за тоа има потреба. За да се осигуриме дека вашите податоци се безбедни, нашите внатрешни правила за приватност и безбедност се познати за сите наши вработени и работници, строго ги применуваме безбедносните мерки за приватност во рамките на ХТТПООЛ, а имаме и дизајнирано наш внатрешен софтвер за да ги задоволиме нашите високи стандарди за безбедна обработка.

2.11.3. Ве советуваме да ги заштитите деталите од вашата сметка на AdPlatform, вклучувајќи го и вашето корисничко име и лозинка и да не ги споделувате овие информации со друго лице.

2.12. Контакт

2.12.1. Доколку имате прашања или причини за загриженост поврзани со оваа политика, со нашето користење на колачиња или со нашите политики поврзани со собирање, користење, обработка, задржување и/или откривање на вашите лични податоци, може да стапите во контакт со нас или со нашиот офицер за приватност, со информациите наведени подолу:

Хттпоол ДООЕЛ Скопје, 1000 Скопје, Партизански одреди 62, Македонија, info@httpool.com.mk

или

HTTPOOL, Internet Marketing, d.o.o., Tacenska cesta 26, 1210 Ljubljana – Šentvid, Slovenia

Офицер за заштита на лични податоци: Matic Turk, E-Mail: gdpr@httpool.com,Telephone: +386 1 479 04 81, Fax: +386 1 256 73 37