Приватност и политика за користење на податоци

Ве замолуваме внимателно да размислите за регулативите и начините за заштита на приватноста и личните податоци (Политика за приватност) што се собираат од страна на Httpool Holdings Ltd. (понатаму "контролор").

Политиката за приватност се однесува за сите продукти, услуги и веб страници понудени од Httpool Holdings Ltd. или на нејзините подружници и поврзани компании.

Со прифаќањето на Политиката на приватност ја давате вашата лична согласност за собирање, процесирање и трансферирање на вашите лични податоци од страна и помеѓу Httpool и трети страни, под условите наведени подолу.

Httpool може да ја ажурира својата Политика на приватност и начините за користење на cookies во било кое време за целите на порамнување со моменталните регулативи и промените во производната понуда на Httpool.

СОБРАНИ ПОДАТОЦИ

Испорачување на огласи и известување

Како дел од нашиот процес на испорачување огласи и известување, ние ги броиме и забележуваме отворањата на страници и собираме информации со цел прикажување огласи или овозможување на прикажување на специфични огласи базирани на тип на прелистувач, време, активност и број на претходно погледнати огласи. Ние собираме информации за типот на веб прелистувачот и оперативниот систем кој посетителот го користи, како и името на домејнот, денот и времето на посетата и конкретните страници кои тој ги посетил.

Информации снабдени од страна на корисникот

Httpool може да побара од корисникот да внесе лични податоци во рамки на онлајн идентификационен формулар, како: име, компанија, телефон и адреса од е-пошта. Овие податоци се собираат со цел да се овозможи бараната повратна информација на корисникот кој го пополнува идентификациониот формулар.

За одредени услуги е потребно да се креира корисничка сметка, која ќе му овозможи на корисникот да употреби одредени апликации. Во овие случаи од него ќе побарано да ги снабди следните лични податоци и информации:

  • Лични податоци (тип на корисник; име на компанија; и име и презиме)
  • Информации за контакт (адреса, поштенски код и град, и адреса на е-пошта)
  • Информации за плаќање (тип на корисничка сметка; број на сметка за плаќање; даночен број; матичен број на компанијата; информации за статусот (профитна / непрофитна), поднесени преку специјален формулар за плаќање пополнет од корисникот
  • Корисничко име (енкриптирана корисничка лозинка)

Горенаведените информации се потребни за да им се овозможат услуги на корисниците; вклучувајќи пристап до апликацијата; прикази на прилагодена содржина и огласи; комуникации со корисникот; префрлање на средства кои се директно поврзано со дигитално огласување; овозможување на техничкото функционирање на мрежата; истражување и анализа со цел одржување и заштита на услугите.

Колачиња (cookies)
Што се колачиња (cookies)?

Кога посетувате веб страна или пак гледате одредени огласи на интернет, вашиот компјутер добива барем едно cookie, што претставува мала датотека која содржи низа на карактери кои можат да идентификуваат „корисник“

Какви cookies користиме?

За да овозможиме прикажување на што е можно повеќе релевантни огласи, Httpool собира информации низ својата огласна мрежа. Ова ни овозможува да идентификуваме посебни сегменти на корисници базирани на нивните интереси. Сепак, сите податоци се собираат на целосно агрегатна основа. Ние користиме cookies да го подобриме квалитетот на нашите услуги со складирање на преференците на корисниците и следење на трендовите во користењето, за да можеме да овозможиме  што е можно порелевантни огласи. Cookie-јата исто така се користат да им помогнат на огласувачите и медиумите да прикажуваат огласи и да управуваат со кампањите.

Ние користиме  Google Analytics cookies кои ни овозможуваат да го подобриме корисничкото искуство на нашите веб страни. Тие ни помагаат да разбереме како нашите корисници го користат сајтот и ни даваат можност да направиме подобрувања и да прикажеме што е можно покорисна содржина.

IP адреса

Кога пристапувате на нашите сервиси, нашите сервери автоматски ја забележуваат вашата IP адреса која ни овозможува да ја идентификуваме локацијата на компјутерот кој бил користен да се пристапи до одредени веб страници. Ова се користи да се подобри квалитетот и релевантноста на нашите сервиси и да се помогне со процесот на управување со огласните кампањи на целиот веб.

ПОДАТОЦИ КОИ ГИ ОБЕЗБЕДУВАМЕ

Содржина и лиценци

Httpool се труди да обезбеди релевантни информации на своите веб страници и промотивни маркетинг материјали и е посветен на постојано ажурирање на содржините пласирани таму за да овозможи точност. Сепак, некои од содржините може да се менуваат доста често, што може да доведе до одредени потешкотии во обезбедување точност на податоците. Поради ова, Httpool не може да преземе одговорност за целосната точност на содржините.

Веб страната не дава никаква лиценца за користење на интелектуалната сопственост на компаниите од Httpool групацијата.

Услуги и веб сајтови од трети страни

Политиката за приватност не се однесува на други веб страни кои се прикажани како линкови на нашите веб страни и услуги. Трети страни (веб страни, апликации, услуги) може да користат различни начини да соберат лични податоци од вас, за што имаат пропишано насоки во сопствените Политики за приватност. Httpool не е одговорен за точноста и содржината на сајтовите и услугите на третите страни.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

Секој пат кога ќе посетите веб страни или пак ќе пополните онлајн формулар за идентификација, ве молиме секогаш да проверите дали интернет страната или услугата која сте ја посетиле или искористиле има Политика за приватност која ги заштитува вашите лични податоци.

Httpool се обврзува на само-регулација и следење на добрите практики кои се насочени кон зголемување на транспарентноста и пренесување на контролата на самите корисници во случаите кога се прикажуваат огласи базирани на претходно собрани податоци за нивното однесување.