Огласувачи

Уреди

Се наоѓаме во добата на повеќе екрани и правење на повеќе работи одеднаш.

Во 2017 ќе има 3.6 милијарди корисници на Интернет, а половина од целиот сообраќај ќе доаѓа од мобилни уреди

Интернетот го смени начинот на кој потрошувачите комуницираат, учат, се забавуваат и донесуваат одлуки за купување. Потрошувачите истовремено и без мака користат повеќе уреди, постојано објавуваат на Facebook, гледаат телевизија на мобилни уреди, праќаат прашања на конференции преку Twitter и купуваат производи преку скенирање на QR кодови на постери во возилата на јавниот транспорт. Како што медиумите стануваат достапни преку сите уреди и корисниците прават повеќе работи одеднаш, тактиките на огласување мора да се адаптираат на промените.

Мобилните уреди се едни од главните двигатели на забрзаниот раст на конзумирањето на содржина преку дигитални медиуми. Смартфоните и таблетите се лесни за користење и се се по достапни, овозможувајќи пристап на корисниците од било каде, во било кое време.

  • Придобивките на огласувањето на повеќе уреди се: користењето на слични креативни решенија на десктоп и мобилни уреди овозможува поголема ефикасност и посилен ефект на препознавање на брендот преку поголема фрекфенција и конзинстентност на огласните пораки.
  • Таргетирање: покрај опциите за таргетирање на десктоп уреди, мобилните уреди овозможуваат тесно и локациско таргетирање: на ниво на улица или град, со што се овозможува прикажување на огласи на корисници кои се блиску до специфичните локации или продавници.
  • Прикажување на огласи на мобилни уреди: огласите се сервираат преку глобални и локални мобилни апликации, како и преку мобилни вебсајтови, преку Display, Video, Engagement, Social и SEM каналите.
Httpool_multiscreen and multitasking.png