Огласувачи

Таргетирање

Зошто да трошите импресии на вашите огласи на корисници на Интернет кои не се дел од вашата целна публика?

Таргетирањето претставува една од главните предности на дигиталното огласување.

Прецизното таргетирање е клучно особено кога целните публики се тесни. Демографско, ре-таргетирање, таргетирање според типови на однесување или пак други типови на таргетирање осигуруваат дека близу 100% од сите импресии на огласите се прикажани на селектираната целна публика.

Изберете од опциите за таргетирање

Таргетирање по категории

Откријте ја вашата публика според нивните теми на интерес.

Httpool ги собира на едно место локалните и глобалните вебсајтови и ги групира во релевантни категории, овозможувајќи им на огласувачите да ги прикажат своите пораки на вистинската публика.

Првото ниво на категоризирање ги вклучува категориите Автомото, Бизнис и Финансии, Забава, Стил на живеење, Вести и информации, Спорт, Технологија и Патувања. За подетални можности за поткатегоризирање контактирајте ја најблиската канцеларија на Httpool.

 

Category.png

Контекстуално таргетирање

Зголемете ја релевантноста на вашите огласи преку контекстуално огласување.

Потрошувачите посетуваат и собираат информации од различни сајтови, форуми и социјални мрежи при процесот на купување на одреден производ или услуга.

Contextual-targeting.png

Гео-локациско таргетирање

Дали вашиот бизнис е локализиран или вашата понуда се разликува од една локација до друга?

Користењето на гео-локациското таргетирање обезбедува прикажување на огласи само на корисниците на целните локации.

Geo.png

Таргетирање според однесување

Допрете само до интернет корисниците од одредена возраст или пол!

Таргетирањето според однесувањето на корисниците овозможува огласување врз основа на одредени демографски карактеристики, интереси и начини на користење на одредени производи и услуги, без разлика на која интернет страна се наоѓаат.

Behavioral.png

Повторно таргетирање (Ре-таргетирање)

Доколку посетителот на вашата веб страна не купил ништо при неговата прва посета, поканете го повторно!

Повторното таргетирање е многу ефективен начин на рекламирање. Тој овозможува прикажување на огласи на корисници на интернет кои веќе ја прелистале понуда на вашата веб страница, но не купиле нешто. На огласувачите им дава можност да ги зголемат своите шанси за „затворање“ на продажбата.

Re-targeting.png