Огласувачи

Канали

Пристапот преку повеќе канали ја зголемува ефикасноста на огласувањето.

Пристапот преку повеќе канали им овозможување на огласувачите да ги искористат синергиите помеѓу повеќе канали. Згора на тоа, управувањето со Display, Video, Social и Performance огласувањето го поедноставува извршувањето и ја подобрува оптимизацијата.

Огласувањето преку повеќе канали ги следи потенцијалните купувачи низ нивниот пат до купување:

  • креира свесност за брендот или производот преку широкиот досег на релевантни вебсајтови и има силно влијание поради огласните формати како видео и engagement.
  • ја поттикнува намерата за купување со Display и Social огласувањето, и
  • осигурува присуство во фазата на донесување на одлука преку Performance, Search Engine Marketing и Re-targeting огласите.

Изберете од каналите

Display мрежа

Таргетираните Display огласи се клучни за брендирање.

Display мрежата покрива мобилни и десктоп уреди и нуди широк асортиман на најпосетувани сајтови, тематски сајтови, како и на мобилни апликации.

Display мрежата се состои од илјадници најпосетувани локални сајтови низ мрежата на Httpool во 16 земји во Југоисточна Европа и Азија.

Дополнително, мрежата вклучува и големи глобални медиуми, како BBC, AOL, Huffington Post, па се до медиуми со тесно таргетирана публика како TechCrunch, TripAdvisor и Lonely Planet.

MK_display-network.jpg

Галерија

Video мрежа

Споделете ја вашата приказна преку Video мрежата!

До 2017 корисниците на Интернет ќе генерираат 3 трилиони минути на видео содржина секој месец, а денеска, 74% од корисниците на Интернет редовно гледаат видео содржина додека се онлајн. Ова им овозможува на огласувачите громни можности, особено кога огласувањето на онлајн видео овозможува подобрено таргетирање и посилно влијание од огласите на телевизија.

Video мрежата на Httpool нуди InBanner и InStream видео огласни формати, кои може да се прикажат на мобилни и десктоп уреди. Нуди контролирана и транспарентна околина која влучува најпосетувани и медиуми со средна големина, како и мобилни апликации.

  • InBanner: влијае на одлуката за купување преку вметнување во стандардните формати на огласи.
  • InArticle: ги поддржува целите за брендирање со видео огласи прикажани во самите артикли.
  • InStream: Постигнување на Вашите цели за брендирање со формат кој што тешко може да не биде виден, а истовремено овозможува подолго изложување на брендот (рекламата е прикажана пред, за време на и по видео содржината).
MK_video-network.jpg

Галерија

Engagement мрежа

Дали можете да замислите оглас со неограничени можности за интеракција со публиката?

Интеракцијата на целната публика има значајно влијание на брендот. Сепак, поттикнувањето на интеракцијата станува се поголем предизвик за огласувачите.

Огласувањето преку Engagement мрежата е совршеното решение за да влијаете на оние корисници кои не кликаат на банери. Интеракцијата во самиот банер може да се предизвика со видео галерија, наградна игра, или пак други типови на акции.

Огласниот формат во Engagement мрежата е оптимизиран за десктоп или мобилни уреди и може да се испорача на најпосетуваните и потстраниците на најпосетуваните локални и глобални вебсајтови, како и на мобилни апликации.

Галерија

Cross Channel Performance решение

Постигнете максимум конверзии за вашиот буџет за огласување

Каналите како Display, Video и Social играат клучна улога во градењето на свесноста и зајакнувањето на намерата за купување, сепак, нивниот придонес на крајната конверзија неретко е потценет.

Преку огласување низ целиот процес на купување, од создавање на свесност за брендот до генерирање на интерес за продажба, Cross Channel Performance решението овозможува не само подобри резултати, туку и посилно разбирање на учинокот на секој индивидуален канал и синергијата помеѓу повеќе канали.

Httpool значително ја подобрува ефикасноста на кампањите преку примената на пристап преку повеќе канали, најдобри технологии од својата бранша и искористувањето на акумулираното искуство.

Social решение

Искористете го целосниот потенцијал на огласувањето на социјалните медиуми!

Социјалните медиуми значително го променија начинот на кој брендовите комуницираат со своите потрошувачи и овозможија средина во која комуникацијата е помалку формална. Огласувањето на социјалните медиуми овозможува напредни опции за таргетирање базирани на мноштвото на податоци за корисниците. За да ги искористите овие придобивки, огласите треба да бидат прилагодени на различните сегменти на публиката, различните уреди од кои таа пристапува и треба постојано да се оптимизираат.

Twitter

Httpool е партнер за продажба на рекламни огласи за Twitter во Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Македонија, Романија, Србија, Словенија, Швајцарија и Украина. Брендовите и маркетинг агенциите отсега ќе можат блиску да соработуваат со локалните тимови на Httpool со цел да ги максимизираат придобивките од своите активности на Twitter. Контактирајте нѐ за да дознаете повеќе.

Social Решението за напрeдно управување со кампањите на Facebook 

Рачното управување со кампањите на Facebook е исклучително комплицирано бидејки постојат премногу можности за оптимизација во реално време. 

Social решението на Httpool овозможува сегментирано таргетирање, пермутации на креативните решенија и автоматско наддавање и оптимизација, истовремено овозможувајки подобро разбирање на потребите на корисниците во анализата по завршувањето на кампањата. Тоа е комплетно решение за професионалците кои се занимаваат со социјалните медиуми.

Галерија